Свети Апостол Филип е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос.Роден е во Витсаида, Галилеја, исто како и Апостол Петар и Апостол Андреј. Според Библијата, тој бил повикан од страна на Исус Христос да го следи и да му стане апостол. Тогаш тој се запознал и со Натанаил, кој според мислењата, се смета дека е другото име на апостол Вартоломеј.