Хуманитарен кошаркарски турнир во организација на Клубот на млади при Црвен Крст - Охрид

Клубот на млади при Црвен Крст - Охрид во рамките на активностите на ПХВ проектот на 27 април, сабота од 15ч организизира Хуманитарен кошаркарски турнир во спортската сала Билјанини извори. 

На турнирот ќе учествуваат екипи од основните и средните училишта од Охрид. Инаку оваа група млади хуманитарци преку овој проект со собраните средства, имаат за цел да помогнат во уредување и реновирање на простор во Установата за малолетни престапници кој би добил мултимедијално - едукативен изглед. 



Со купена влезница од 100 ден ќе можете да придонесете оваа хуманитарна акција успешно да се реализира.



 ПХВ е програма за промоција на хумани вредности што се спроведува во изминативе 20 години и за цел има подигање на свеста, помагаье, намалување на дискриминација и одржување на екологијата, односно да дејствува на сите сфери во општеството. Секоја година над 1000 младинци се обучуваат и излегуваат на терен за преку своите проекти да помогнат во решавањето на некој реален проблем во нивната заедница. 

Се гледаме на Кошаркарски турнир во сабота!