Античкиот театар е лоциран во подножјето на источната косина на Охридскиот рид, под Самуиловата крепост, во близина на Горна Порта, од каде се пружа прекрасен поглед на Охридското Езеро и планините кои ја опкружуваат езерската шир.
Според белешките на турскиот патеписец Евлија Челеби од XVII век, Охридската чаршија зафаќала доста голем простор од предградието. Овде се наоѓале сите најнеопходни занаетчиски работилници, и трговски дуќани.
"Човек би рекол дека пред себе има дел од море истргнат од океанот и фрлен меѓу недостапните планини, кои го опкружуваат од сите страни. На Охридското Езеро, навистина му одговара епитетот Македонско слатководно море".
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.