Ја нарекуваат Златна, но и џетсетерска плажа. Сместена е на некогашната плажа Парк, и е омилено сврталиште и на домашните познати фаци – актери, пејачи, спортисти, политичари...
На помалку од еден километар после познатата монденска плажа Градиште , од десна страна ќе забележите мал неуреден паркинг и веднаш до него козја патека која е прегледна само на почетокот.