Зоки Поки на одмор во Охрид

  Главниот лик од популарната серија за деца “Зоки Поки” деновиве со своето семејство уживаше во Охрид.

Зоки (Матеј Настевски) е харизматично дете полно со насмевки и љубов кон своите фанови. Со својата едноставност, душевна чистота, со споделувањето позитивна енергија и дружба, Зоки ги удостои сите свои фанови со заеднички фотографии, и со искреност и возбуда зборуваше дека со нетрпение го чека снимањето на следната сезона на популарната домашна серија.



 Не сакавме многу да му одземаме од времето што му беше резервирано за одмор, бидејќи, како што ни кажа, минатото лето немал воопшто одмор, односно бил слободен само 2-3 дена, додека останатото време бил посветен на снимањето на серијата, на чиј кастинг тој ете, случајно се пријавил, но не случајно ја добил главната улога. Него камерата “го сака”, тој има вроден талент, а штом се работи со љубов, тогаш ништо не е тешко.

Во Охрид, Боки (Матео), кој исто така уживаше во својот одмор, го изненади Зоки, а на заминување заедно ја посетија Струга, и ги израдуваа дечињата на струшките плажи.



ТВ-серијата е во режија на Александар Поповски и Марија Апчевска,  а во продукција на “Кино око”.

Главните ликови покрај  Матеј Настевски кој ја толкува улогата на Зоки Поки, се: Анастасија Аневска која ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков го глуми Гоки. Сите го опишуваат искуството со снимањето на серијата како фантастично и возбудливо.

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ја има  улогата на неговата баба.
 

 

Фотографиите се дел од приватната колекција на Матеј Настевски