Зошто Охрид?

ОХРИД – ГРАД КОЈ ЌЕ ВЕ ОСВОИ НА ПРВ ПОГЛЕД
 
По што е толку посебен Охрид? Зошто да го одберете како своја дестинација. Има безброј причини за тоа, а ние ви посочуваме само неколку:

1. Затоа што има волшебно сино Езеро, со кристално чиста вода, кое личи на море

2. Затоа што има модерно уредени плажи, но и скриени, диви плажи кои се карактеризираат со нечепнат природен амбиент и интимност

3. Затоа што има фасцинирачка природна убавина која ќе ве освои на прв поглед

4. Затоа што има стотици културно-историски споменици

5. Затоа што има специфична стара архитектура – високи бели куќи со карактеристични темни рабови и рапави тесни калдрми наместо дворови.

6. Затоа што во него се одржуваат бројни културни манифестации

7. Затоа што има богат летен ноќен живот, бројни кафулиња и барови во кои главната забава почнува пред полноќ

8. Затоа што можете да имате мирен тивок одмор, но и одмор полн со адреналин, во зависност од ракурсот на вашите сетила и афинитети

9. Затоа што има пријатна клима, која е благодет за телото и духот

10. Затоа што знаете дека вистинските бисери се ретки, а Охрид ги има своите оригинални бисери.

11. Затоа што можете да уживате во кулинарските специјалитети на македонската традиционална кујна и во рибата која е надалеку позната по својот вкус – охридската пастрмка

 

Всушност, сите кои го посетиле Охрид, велат дека е – БИСЕР.

Галерија

Поврзани блог статии