Локални приказни и мистерии

365 цркви за 365 дена

Во  Охрид има  365 цркви , по една за секој ден од годината, вели легендата. Но, зошто толку цркви? И зошто токму во Охрид ?

Дали е тоа некаков код, знак дека  Охрид е свет град како и Ерусалим?

"Кога Бог го создаде светот" - запишано е во Талмудот, "десет знаци на мудроста се спуштија на светот. Девет зеде земјата Израилева, а еден знак беше фрлен во другиот дел од светот".
 
Немало само еден свет град, еден Ерусалим, едно духовно светилиште, туку неколку, е верување кое се повеќе преовладува, а секој од од тие духовни, свети места си има свои препознатливи знаци. 365 цркви за 365 дена. Се чини повеќе од знак !  

Според преданијата,  365-те цркви во Охрид се распоредени во форма на два крста – еден голем и друг помал.Со која цел? 

Дали светителите сакале да остават знаци за своето присуство кај Охридското Езеро?
365 цркви, поставени во форма на два крста, поголем и помал, како знак.. Но каков знак? И што е со другите знаци ? На пример кога ќе се споредат мапата на Ерусалим во Палестина со мапата на стариот Охрид  се забележува големо совпаѓање на јужната и источната страна на градовите.

Бујна фантазија на поединци или едноставно само чисто архитектонско копирање на градовите кои се слични по конфигурацијата на просторот, многу често застапено низ историјата? Којзнае?

Интересно е што во старите мапи, Охрид се јавува под неколку имиња, вели  истражувачот Милош Линдро и тврди дека поради ваквите мистерии поврзани со Охрид и христијанството , веќе илјада години, западни духовни и политички центри испраќаат свои доверливи луѓе во специјални мисии во земјата на Езерјаните.

Прва таква мисија е мисијата на  Абат џовани ди Гаета во 1053 година. Во Охрид Џовани ги пронашол и ги понел со себе моштите на светецот великомаченик Еразмо, но пронашол и мистериозни книги. Кога се вратил во Рим го составил своето житие, а набрзо потоа станал папа Џеласио Секондо.
 
Постои уште една претпоставка: дека сите црковни мисионери, во Охрид доаѓале и за да се поклонат на Сакралниот простор!  

Галерија

Поврзани блог статии