Од кујната на Виолета - рецепт за американски крофни

И денес во нашата кујна за вас претставуваме еден совршен рецепт за кој треба малку намирници, а резултатот е слатко уживање за вашите сетила.

Нашта Виолета во оваа прилика со нас го споделува рецептот за американски крофни. Еве што се е потребно и како да ги подготвите:

1 јајце
прстофат сол
3 лажици шеќер
1 шолја густ јогурт со 2,8 масленост
2 шолји брашно
прашок за печиво
1 мала лажичка екстракт од ванила

Се мати се заедно со вилушка, треба да се добие густа смеса. Со помош на лажица се полни пластичниот рачен апарат за крофни и се пржат во добро загреано масло. Така пржени се наросуваат со шеќер во прав и се декорираат со чоколаден прелив Да напоменеме дека се користи иста шолја за мерење на јогуртот и брашното за смесата да биде совршена а крофничките да ја задржат формата при пржењето.

Поврзани блог статии