Од кујната на Виолета - рецепт за домашно мачмалоу

Четврток е ден за слатки рецепти од нашата Кујна, каде Виолета ни готви вкусни, едноставни и економични рецепти. Денес ни го претставува наинот на подготовка на домашно мачмалоу. 

Еве што се е потребно и како се подготвува овој десерт: 

2 јајца
1 ванилин шеќер
Половина лажиче прашок за пециво
140 гр растопен маргарин
300 гр брашно
2 лажички какао

Се меси тесто и се става во фрижидер 30 минути.  Потоа сука кора од 2 мм , се прават кругови се печат на 180С- 5 минути.

Бел шлаг:

80гр шеќер
2 белки
Се матат додека не се растопи шеќерот.

Во 15 гр желатин се става 2 лажици ладна вода да набабри. Потоа од
60 мл вода, 100 гр шеќер, 2 лажички мед, се прави шербет да врие 2 мин па се става набабрениот желатин да се стопи, се додава во шлагот и се мати 10 минути.

Се става смесата во шприц се филуваат бисквитите и се валкаат во 200гр црно и 200 гр млечно растопено чоколадо. Во овој случај упоребено е милка чоколадо.

Уживајте во неодоливиот вкус!