Од кујната на Виолета - лесно подгответе вкусна домашна баклава!

Нашата драга Виолета денес преку својот рецепт - домашна баклава, испраќа честитка до сите верници кои го прославуваат Рамазан Бајрам. Нека е за многу години! 

За домашната баклава потребно е: 
 
2 јајца
2 чаши од чај масло
Половина чаша од чај стопен маргарин
1 чаша( 200мл) кисело млеко
4 чаши брашно
1 лажица оцет
1 лажица сок од лимон
1 прашок за пециво

Тавата е бр 32.



Од секое топче се отвора кора на нишесте и се сука со помош на оклагија, се тура нишесте и се затвора како плик посипувајќи со нишесте и повторно како плик.

Постапката за сите 4 кори е иста. Потоа тавата се намастува, се сука првата кора на најтенко колку што дозволува самата кора. Се зема тавата се става врз кората, се обележува и се сече круг. Остатоците ги тргаме настрана, ја ставаме првата кора во тавата, остатоците, и ја сукаме втората кора но овојпат остатоците ги додаваме заедно со од првата кора, врз нив втората.

Ставаме околу 400гр крупно мелен орев и продолжуваме исто и со другите две кори.
 
Сечената баклава се потура со 1 стопен маргарин и 1 чаша масло.

Се пече на 170°С  45-60 минути.

Ладна баклава се потура со ладен шербет.

Шербет:

5 чаши вода
5 чаши шеќер
2 ванили
Малку сок од лимон.