Од кујната на Виолета - бомбици со суво овошје

Во денешната Кујна нашата драга Виолета ни подготви уште еден сладок и многу едноставен десерт - бомбици со суво овошје. 

Овие бомбици се прават буквално за 2 минути, со едноставни намирници и со исклучително добар вкус.

100 гр суви сливи
100 гр урми
100 гр суви кајсии
100 гр орев

Сите намирници се ставаат во блендер и кратко се мелат.

Се префлува смесата од блендерот во друг сад и со влажни дланки се формираат мали топчиња.

Секое топче се валка во кокос.