Од кујната на Виолета - црно-бел ролат

Денес во нашата кујна, креативната и неуморна Виолета ни подготви црно-бел ролат.

Во продолжение го споделуваме со вас нејзиниот рецепт за ова слатко задоволство:

5 јајца
5 лажици шеќер
3 лажици масло
1 прашок за печиво
5 лажици брашно
5 лажици мармалад од кајсии
5 лажици мармалад од црни сливи
10 лажици мелени плазма бисквити
6 лажици мелен лешник

И уште:

Мармалад од сливи по потреба
Мелени бисквити и лешници

Најпрво се двојат белките од жолчките. Белките се бијат со шеќерот се додека не се добие бела цврста смеса, па постепено се додаваат жолчките, маслото. Се исклучува миксерот и му се додава просеаното брашно заедно со прашокот за печиво и полека со шпатула се меша додека се изедначи смесата.

Смесата се дели на два дела, во едниот дел се става лажица какао.

Во плех обложен со хартија за печење се тура прво едниот дел од половина по должина на плехот, па се тура другиот и убаво се израмнува без да се измешаат двата дела. Се печи 10 минути на 180°С.

Откако се испечи најпрво се отстранува хартијата за печење и на влажна крпа се формираат два ролати по должина.

Во еден сад се става 5 лажици мармалад од кајсии,5 лажици бисквити и 3 лажици мелен лешник.

Во друг сад се става 5 лажици мармалад од сливи,5 лажици бисквити и 3 лажици мелен лешник.

Се отвора ролатот. На темниот дел од пандишпанот се нанесува рамномерно од смесата со кајсии, на светлиот дел се нанесува рамномерно од смесата со сливи и повторно се витка во два ролати кои се спојуваат во средина. Целиот ролат се премачкува со мармалад од сливи и се попрскува со мелени бисквити и мелени лешници.

Поврзани блог статии