Од кујната на Виолета - едноставно, брзо и вкусно - фритули

Денес во нашата кујна, креативната Виолета ни подготви еден навистина брз, лесен, едноставен, но вкусен десерт. Станува збор за познатите фритули, за чија подготовка навистина не ви треба многу време и пари.

Еве што се е потребно:

200 гр брашно
180 мл јогурт
2 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
1 јајце

Сите состојки се  мешаат со лажица и од смесата се зема со лажицата, се става да се пржат во добро загреано масло.