Од кујната на Виолета - брзи колачи со гриз и кокос

Овој четврток уште еден неодолив и лесен рецепт од вредните раце на нашата Виолета. Денес засладете се со брзи колачи со гриз и кокос.

За подготовка потребно е:

300мл млеко
1 ванилин шеќер
100гр шеќер
6 лаж.гриз
120гр кокос
80гр путер
200гр чоколадо

Млекото заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер се става во сад на оган, се додава  6 лажици гриз и се вари како пудинг. Потоа се додава путерот да се растопи и на крај се додава кокосот. Се трга од оган и се става во силиконски калапи, се остава да се зацврсти во фрижидер. Во меѓувреме се топи чоколадото и секое колаче се чоколадира. Може да се декорира и со бело чоколадо.