Од кујната на Виолета - шарен колач

И овој четврток уште еден неодолив рецепт од кујната на Виолета. Денес таа ни подготви шарен колач. 

За да ја збогатите и вашата кујна со овој колач еве што се е потребно: 

4 јајца 
1,5 шолја шеќер 
1 шолја млеко
1 шолја масло
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер 
2 шолји брашно 
 
И уште: 

2 лажици какао
2 лажици врела вода
3 лажици брашно 

Глазура од 100 грама растопено чоколадо 

Откако ќе се изматат убаво горенаведените намирници, смесата се дели на 2 дела. Во едниот дел се ставаат уште две лажици брашно, а во другиот растворено какао со вода и 1 лажица брашно. 

Смесите се истураат наизменично во убаво намрсен калап со обрач број 24, слично како зебра колач. 
 
Се пече 40 минути на 180 C. Откако колачот ќе се испече се посипува со растопеното чоколадо на пареа  Се сече и сервира ладен колач. 

Поврзани блог статии