Од кујната на Виолета - посни панделки со џем од сливи

Во денешната кујна нашата неуморна Виолета ни подготви уште едно слатко, посно задоволство. Подгответе го и вие како десерт во ова време на пости.

За подготовка на посните панделки со џем од сливи потребно е:

500 гр брашно
125 мл пиво
150 мл масло
100 гр маргарин омекнат (на собна температура)
1 прашок за пециво
2 лажици бел шеќер
1 лажица шеќер со вкус на лимон
1 ванилин шеќер
Прстофат сол

Се меси се заедно, се оформува топка која се развлекува во кора со помош на сукалка. Кората треба да е со дебелина од 5 мм, се сечат со калап во форма круг...

На секое кругче се става по половина лажиче џем и со помош на раката се оформува панделка.

Се печат на 200°С додека поруменат.

Печени се наросуваат со шеќер во прав.