Од кујната на Виолета - посни туфахии

 Четврток е ден за уште еден сладок рецепт од кујната на нашата Виолета. И, како што и ни вети, за време на Велигденските пости, Виолета ни нуди посни рецепти кои се навистина лесни за правење и мноогу вкусни. 

За вашиот денешен десерт подгответе посни туфахии. 

5 јаболка
2,3 лажици гриз
200 мл вода
100гр шеќер
100гр мелен орев

Јаболката се лупат и чистат од семки со помош на алатка...

Се ставаат во тенџере со вода до половина на јаболката, да варат по неколку минути од двете страни (се превртуваат во текот на варењето), но да не биде предолго за да не се распаднат.

Со лажица решетка се вадат од водата и се префрлуваат во соодветен сад.

200 мл од водата каде се вареа јаболката се става во сад на оган, се додава гризот за да се свари како пудинг.

Во смесата  се додаваат оревите и се трга од оган.

Се полнат јаболката во длабнатините а со она што ќе остане се прави декорација...
Се посипува со мелен орев или суво овошје по ваш избор.