Американски палачинки - рецепт на Виолета Јанеска

 Минатиот четврток ви најавивме, започнавме, а денес продолжуваме. Секој четврток во рубриката Кујна ќе имате можност да  научите по еден рецепт од извонредната Виолета Јанеска, една од администраторите на фејсбук групата "Битолска софра", за која готвењето и декорирањето на храната претставува хоби, задоволство и уживање. 

Овој пат Виолета ни го претставува нејзиниот рецепт за добро познатите Американски палачинки. 

За подготовка на овој сладок рецепт потребно е:

1 шолја млеко
1 шолја брашно
1 прашок за пециво
2 супени лажици шеќер
Прстофат сол
3 супени лажици масло за јадење
1 јајце

Сите состојки убаво се мешаат, да се добие хомогена смеса. Се загрева тава на оган, убаво подмачкана. Црпалката се полни до половина со смеса, и се истура во тавата на печење. Палачинката се пече кратко време од двете страни. Се декорира и засладува по желба.

Поврзани блог статии