Од кујната на Виолета - колачиња "Зрно кафе"

И овој четврток нашата драга Виолета ни подготви вкусно и слатко задоволство чиј рецепт во продолжение  го споделуваме со вас. Еве како да подготвите колачиња "Зрно кафе": 
 

80 мл вода
150 гр шеќер
Ванилин шеќер
50 гр маргарин
100 гр чоколадо
1-2 лажички инстант кафе
180-200гр мелени плазма бисквити
100 гр мелен орев

Водата, шеќерот, ванилиниот шеќер и маргаринот се ставаат во сад на оган да се стопат, им се додава чоколадото и се трга настрана.

Се додаваат мелените плазма бисквити  и оревите.

Се остава да олади и малку да се стврдне смесата.

Со влажни раце се прават топчиња од околу 30 гр и со чепкалка се притиска врз топчињата за да се направи вдлабнатина.

Се чоколадираат со глазура:

100 гр чоколадо
5 лажици масло

Поврзани блог статии