Од кујната на Виолета - едноставен рецепт за вкусни колачи - месечини

Денес во нашата кујна Виолета ни подготви вкусни и слатки месечинки. Едноставен рецепт, кој ви препорачуваме и вие да го вклучите во вашето  мени.

За подготовка потребно е:

100 гр гриз
2 филџани од кафе млеко
2 филџани од кафе масло за јадење
1 прашок за пециво
1 свеж квасец
2 јајца
Брашно по потреба

Се меси убаво меко тесто кое се остава да одмори 10 мин.Од тестото се отвора кора со дебелина од 1 см и со помош на чаша се сечат форми како месечини.

Одмораат само додека се загрее рерната и се печат на 180 °С додека поруменат.

Ладните колачи се ставаат во топол шербет од:

      1 кг. шеќер
      1 литар вода
      2 ванилин шеќер

Попарените колачи се валкаат во кокос.



 

Поврзани блог статии