Од кујната на Виолета - брзо и успешно подгответе вкусни индијанки

Предлогот за вкусен десерт на нашата Виолета во оваа прилика е рецептот за вкусни индијанки. 

Индијанките се слатки чиј рецепт е стар, но ретки се оние кои успешно го подготвуваат.

Еве како Виолета ги подготвува индијанките: 

4 белки се матат со 100 грама шеќер да се добие цврст снег. Во добиената смеса се додаваат жолчките, 1 прашок за пециво, 200 грама брашно, и се прави хомогена смеса. 

Се става смесата во шприц и на хартија за печење се шприцаат формите. Се печат 10 минути на 200 степени. 

За филот потребно е: 

2 пудинзи од ванила
600 мл млеко
2 ванили
10 лажици шеќер
150 грама маргарин

Со подготвениот фил се слепуваат по две парчиња од испечените индијанки. 

Се декорираат со шлаг по желба, најчесто во две бои како што е прикажано. 

На здравје!