Од кујната на Виолета - хамбургер лепчиња

Денес во нашата кујна, нашата неуморна и креативна Виолета ни подготви хамбургер лепчиња. Со вас го споделуваме рецептот и постапката за подготвување на лепчињата:
 

1 кг брашно
100 мл масло за јадење
1 лажица шеќер
1 лажица сол
40 гр свеж квасец
Млака вода за месење
 
Се меси убаво меко тесто, да надојди 20 тина минути повторно се премесува и се остава да надојди уште 20 мин.
 
Од тестото се кинат 12 делови и се прават топчиња (ако имате кујнаска вага најодбро е да ги измерите, за да бидат еднакви сите).
 
Се редат во плех обложен со хартија и се оставаат да киснат 30 мин.
Пред да ја вклучите рерната да се загрее одгоре сите хамбургерки притиснете ги со дланките за да спласнат малку (да не бидат премногу топчести).
 
Во нашиов случај, Виолета  ги премачка со посен мајонез растворен со млака вода но вие можете и со разматено јајце, а наросени се со сусам,лен и чиа семе.
 
Се печат на 180°С околу 25 мин.
 

Поврзани блог статии