Од кујната на Виолета - брзи пирошки триаголници

Четврток е ден за уште еден неодолив рецепт од нашата Виолета. 

Денес ви го претставуваме нејзиниот рецепт за брзи пирошки - триаголници. За подготовка на овој рецепт потребно е: 

400 мл млеко
20 грама квасец
1 прашок за пециво
100 грама бело сирење
малку сол
малку бибер 
1 лажица шеќер
една рака рукола 
брашно по потреба

Се меси убаво тесто и се остава да одмори 15 минути. Тестото не треба да е премногу меко, ниту да се лепи. Откако ќе отстои, се дели на 4 дела и секој дел се сука во големина на чинија. Кората се сече на 8 дела и се пржи на среден оган од двете страни се додека на добие убава боја. 

Од наведените состојки се добиваат 32 пирошки триаголници. За оние кои не се љубители на рукола, може да ја заменат со млад кромид, спанаќ, магдонос. 

На здравје!