Од кујната на Виолета - лиснат леб

Овој четврток нашата неуморна Виолета ни подготви лиснат леб. Едноставен и лесен рецепт, кој ви препорачуваме да го направите и вие. 

За подготовка на овој рецепт потребно е: 

250 мл.млеко 
20 грама квасец 
една лажичка сол
5 лажици масло за јадење 
околу 500 грама брашно 

Од наведените состојки се меси убаво, меко тесто, се остава да го удвои својот волумен. Потоа со сукалка се отвора кора  која се премачкува со 100 грама маргарин, се витка во ролат, се сече во должина и се плете. Се става во долгнавест калап за колач, да отстои 30-ина минути, а потоа се пече 30 минути на 200 степени. 

На здравје!