Од ризницата рецепти на Виолета Јанеска - Кремаста панакота со јагоди

Брз, едноставен и вкусен рецепт за кремаста панакота со јагоди е денешниот избор од ризницата рецепти на нашата соработничка  Виолета Јанеска.



За да го подготвите овој десерт, потребни се следните состојки:

500 грама јагоди (во овој случај замрзнати, а може и свежи)
5 лажици шеќер
1 желатин
5 лажици вода за да се раствори желатинот

Јагодите се ставаат на оган заедно со шеќерот малку да повријат и им се додава растворениот желатин.
 
500ml  хопла
200ml млеко
5 лажици шеќер
1 лажица ванила екстракт

Овие  состојки се ставаат  во тенџере на оган до точка на вриење, па се тргаат од огнот. Во нив се додава претходно растворениот желатин со 5 лажици вода.

Редоследот на состојките во чашата е по ваша желба. Во нашиов случај прво е направен белиот дел, се става во чашите, се остава да се излади околу 3 часа, и потоа  постапката се повторува со црвениот дел.
 
На здравје!
 
 

Поврзани блог статии