Принцес крофни - рецепт!

 Од денес, па секој нареден четврток, нашата рубрика Кујна ќе биде збогатена со извонредните рецепти и декорации на Виолета Јанеска, која ужива во готвењето и декорирањето на храната.

 Нејзините рецепти се секогаш интересни, зашто таа умее од едноставни намирници да создаде неодоливо привлечни јадења. Виолета е еден од администраторите на фејсбук групата “Битолска софра”, каде заедно со останатите членови создаваат инспиративни рецепти.

 Првиот рецепт на Виолета во нашата рубрика се добро познатите Принцес крофни. Не секој умее да ги направи, иако постапката е лесна и едноставна.

За подготовка на овој рецепт потребно е:

1 шолја вода
100 ml масло за јадење
Прстофат сол
1 шолја брашно
5 јајца

Водата, маслото и солта се ставаат во тенџерче на оган да зовријат, се додава брашното со постојано мешање да се добие мазно тесто, се трга од оган и се остава да излади.

Откако добиената смеса ќе се излади, едно по едно се додаваат 5те јајца со миксирање.

Формите на принцес крофните се формираат со готварски шприц.

Се ставаат да се печат во загреана рерна, а за време на печењето рерната не се отвора.

Во меѓувреме се подготвува филот:

500 ml млеко
1 пудинг од ванила
3 лажици брашно
1 жолчка
8 лажици шеќер

Се вари филот како пудинг и се остава да се излади.

500 ml слатка павлака се мати до цврст снег и половина од неа се става во подлабок сад и заедно со филот од пудинг се прави жолтиот фил.



Испечените форми се сечат на половина и се полнат – жолт слој, па бел слој.
Се наросуваат со шеќер во прав, и се подготвени за консумација.

На здравје!