Времето во Охрид и наредниов период ќе биде променливо и нестабилно


  Променливото време во Охрид ќе се задржи и следниов период, кога  ќе преовладуваат облаците, со помали но чести  сончеви периоди, а можноста за дожд и грмотевици ќе биде изразена пред се во почетокот на наредната седмица.

Температурите ќе се движат во интервал од 7˚ до 10˚С  – во утринските часови, а максималните  дневни од 17˚ до 23˚С.