Охридското лето низ фото-објективот на туристите

Впечатоците од посетата на Охрид, на нашите читатели – туристи од соседството, се најдобро прикажани преку нивните фото-објективи, а неретко стигнуваат и до нашата редакција. Фотографијата која ќе ве стопли и ќе ви разбуди чувства, е на нашиот читател Александар Младеновиќ од Власотинце, Србија, кој додека бил на својот летен одмор во Охрид, успеал да долови еден миг кој е целосен приказ на охридското жешко лето.