Охридска рибна чорба (рецепт)

За подготвување на овој рецепт постојат повеќе варијанти кои скоро и да немаат големи разлики меѓу себе, односно, разликите ги прават малите нешта, најчесто зачини кои се додаваат по желба, а  ние  ја нудиме нашата комбинација  за највкусна чорба.  Потребни се следниве состојки:

-700gr до 1kg охридска белвица (или пастрмка, крап) со икра
-3 моркови
-малку корен од целер
-црн бибер, сол, магдонос
-лимон
 
  Рибата се става да се вари со неколку зрна црн бибер и 2-3 ловорови ливчиња. Се остава десетина минути и се вади од оган. Водата се процедува и се враќа повторно да зоврие а во неа се додава ситно исецканиот целер, еден морков ситно исецкан, и икрата претходно испасирана со брашно во толчник. Двата моркови се рендаат, се пропржуваат на масло и се додаваат во тенџерето со вода. На крај се додаваат крупно исчистените парчиња риба. Доколку има потреба (ако не е постигната посакуваната густина) се става и дополнителна запршка од една лажица брашно и малку масло за јадење. На крај чорбата се зачинува со сол, мелен бибер, магдонос, и неколку парчиња лимон.
 

Поврзани блог статии