Охридско макало - рецепт

Богатата празнична трпеза зачинете ја со познатото охридско макало, кое одлично се вклопува како додаток со скара, риба или телешка чорба. Рецептот е едноставен, иако доколку подготвувате поголема количина, може да ви одземе два до три часа за подготовка.
Потребни состојки:
Половина килограм лук
Чаша оцет
Литар и половина масло за јадење
Сол според вашиот вкус
Начин на подготовка:
Лукот убаво се чисти, се мие и се става во блендер. Се додава солта и оцетот и кратко се блендира – околу една до две минути. Потоа, за полесно подготвување смесата се става во подлабок сад и се почнува со миксирање. Додека се миксира, постепено (капка по капка) се додава маслото за јадење. Миксирањето на оваа количина лук може да трае до 40-ина минути, зависно од структурата на лукот. Треба да се добие цврста, хомогена смеса, налик на мајонез. Добиеното макало се става во тегли и се чува во фрижидер.