Викендов повторно дожд

Убавините на Охрид секојдневно ги споделуваме со вас. И покрај временската прогноза која најавува врнежи од дожд, сепак можете да уживате во прекрасни пејзажи на градот, кои ние и дел од нашите верни читатели заеднички ги споделуваме. А дождот е најава за викендов.  Денес  во Охрид беше делумно сончево со облачни периоди, а максималната дневна температура го достигна 9-от степен од Целзиусовата скала. За викендов кој следува се прогнозира променливо време со почести и локализирани  врнежи од дожд и максимална дневна температура од 3˚С во сабота, односно 2˚С во недела.