Апартмани Немо ДеЛукс - вистински избор за вашиот престој во Охрид (комерцијален текст)

Вашиот престој во Охрид направете го удобен, комплетен, незаборавен, и секако вратете се повторно!  За целосно уживање, одберете ги Apartments Nemo DeLuxe, луксузни апартмани чија локација, понуда и ентериер, привлекуваат посетители од соседството и светот. Најмодерно опремен со површина од 50m2, секој апартман има кујна со дневна соба, купатило и спална соба. Зградата во која се наоѓаат е сосема нова, со лифт и сопствен паркинг, а во целиот простор на апартманот има интернет конекција. Сите услови за солиден престој се обезбедени – ТВ уред, микробранова печка, тоалетен прибор и постелнина, кујнски прибор, фен.. на вас останува само да го резервирате навреме вашиот планиран одмор или викенд, и секако дека задоволството ќе биде неизбежен епилог. Apartments Nemo DeLuxe се наоѓаат на ул.Славеј Планина бр.19, на само 2-3 минути пешачење од брегот на езерото. Резервирајте на 071/231-071.