Концертот на Сергеј Четковиќ - збогатување на празничната атмосфера во Охрид

Синоќа охридскиот плоштад беше премал за да ги собере огромниот број фанови кои уживаа во концертот на Сергеј Четковиќ, во чии рамки претходеше настапот на Ѓоко Таневски кој убаво ја загреа атмосферата, па студот речиси и не се чувствуваше. Час и половина траеше концертот на црногорскиот шмеќер, кој ширеше позитивни вибрации и енергија преку своите постари и нови хитови, а публиката пееше заедно со него.
Во рамките на проектот “Од 20ти до 20ти сите во Охрид”, се најавени уште два големи концерти, за кои исто така несомнена е масовната посетеност. На 13-ти јануари, сабота, на Градскиот плоштад ќе настапи Љубојна, а на истата сцена на 19-ти јануари концерт ќе имаат Фолтин.
 

Галерија

Поврзани блог статии