Вечерва – концерт на Сергеј Четковиќ на градскиот плоштад

Празнично, вечерва во рамки на проектот “Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид”, на градскиот плоштад ќе имате можност да уживате во музиката на црногорскиот шармер Сергеј Четковиќ. Организаторите ветуваат незаборавно дружење и покануваат на масовна посетеност на концертот. Како предгрупа на Четковиќ, со своите најголеми хитови ќе се претстави  Ѓоко Танески, а посебен ди-џеј сет ќе има и Dj Regie Rules. Проектот кој трае еден месец, од 20-ти декември до 20-ти јануари,  има за цел максимално да се продолжи сезоната и во овој период од годината да се понуди богата програма и настани кои ќе го привлечат вниманието на домашните и странските гости.  Програмата започнува во 19:30 часот, а концертот на Сергеј предвидено е да започне во 21:10 часот.