Авантура над охридското езеро

Љубителите на екстремни спортови, во Охрид имаат одлична можност да си поиграат со својот адреналин.
Акробатско летање со параглајдери од врвот на Галичица па се до плажата во Љубаништа, змејарството, падобранството, моторното летање и моделарството се дел одспортовите кои можат да се практикуваат овде. 

Сите оние кои пробале да се спуштат од планината Галичица до автокампот Љубаништа со параглајдер или падобран, восхитено тврдат дека глетката е неверојатно убава.

Техниката на слободно летање, движењето на ветерот и топлиот воздух некогаш се доволен предизвик да се доживее авантура,  да се добие ударна доза на адреналин, забава и ново незаборавно искуство.

Охрид за трагачите по адреналински забави е енергетски динамички простор и мистерија.

Галерија

Поврзани блог статии