Промоција на романот “Виори низ сонот и фантазијата” од Георги Ставрески

 Утре, (24.06.2018), ќе биде  промовиран  првиот роман на  волонтерот во Црвен крст – Охрид, Георги Ставрески со наслов  „Виори низ сонот и фантазијата“.

 Промотори на овој роман ќе бидат проф. Вангелко Лозаноски, наставник Љубица Чифлигароска, м-р Ивана Рилкова Томевска и Ленче Николоска кои воедно се и рецезенти на романот и се членови на Здружението на љубители на литературата и уметноста „Св.Висарион“ од Охрид.

На  промоцијата преку читање на извадоци од романот, ќе се наговести возбудливата тематика која се испреплетува со низа последователни настани, за на крај мрежата што се завивала да се отвори и да ни го претстави неочекуваниот крај. Низ романот на тапет ќе бидат ставени предрасудите и негативностите кои за жал се до нас и околу нас.

Затоа ги покануваме љубителите на пишаниот збор да бидат дел од оваа наша заедничка авантура.

Објавувањето на романот е со поддршка на Црвен крст Охрид, во чии простории ќе се одржи промоцијата која е закажана за 18 часот.