Утре започнува меморијалниот турнир во мал фудбал Ѓоко Чингоски во с.Велгошти

  Утре, 12.06.2018, во с.Велгошти започнува меморијалниот турнир во мал фудбал “Ѓоко Чингоски”.

  Денес се заокружи  пријавувањето на  екипите во чиј состав ќе бидат деца до 18 годишна возраст, а  ждрепката следува  попладнево во 17 часот. Системот на игра е 5+1.

  Пријавени се вкупно 30 екипи, што претставува восхитувачки  голем број, можеби и најголем до сега во ваков вид натпревари во нашата околина. Првиот натпревар ќе се одигра утре со почеток во 19 часот на игралиштето во с.Велгошти

 Организаторите на овој турнир кој, разбирливо, прв пат се организира оваа година, апелираат до сите фирми, претпријатија, правни и физички лица, доколку се во можност финансиски или материјално да ја поддржат организацијата.  

ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРААТ НА:

Жиро Сметка:  320500026957445

Централна кооперативна банка АД Скопје

Средставата се потребни за поткрепување на турнирот. Истите треба да се достават најдоцна до 25.06.2018г.

 За друг вид помош и повеќе детали може да се контактираат организаторите преку нивните мобилни телефони.

Организатори: Климент Калачоски и Влатко Балески.
Телефони за контакт: 076/ 506 511 и 077/ 390 191
 
Ohrid Magazine ќе ги следи натпреварите и редовно ќе ги информира своите читатели за овој турнир.
 

Поврзани блог статии