Велгошти организира меморијален турнир во мал фудбал

 Оваа година во с. Велгошти, на 12.06 ќе започне меморијален турнир во мал фудбал во чест на Ѓоко Чингоски.

Пријавувањето на екипите заинтересирани за учество  почнува од денес  (17.05.2018).

Право на учество  имаат деца до 18 годишна возраст. Системот на игра е 5+1.
Секоја  екипа која ќе учествува е задолжена со  800 денари.

Организатори на овогодинешниот турнир се:
 -Михаило Стефаноски, Климент Калачоски, Владимир Балески  и Дарко Димитриески.

Подетални информации за турнирот може да добиете на телефонот: 077 390 191