5-ти јуни - Светски ден за заштита на животната средина

 
 Во рамки на своите програмски активности, а по повод 5 јуни - Светскиот ден за заштита на животната средина, Црвен крст Охрид преку своите волонтери од програмата Грижа за стари лица “Најди време” ќе организира повеќе активности со цел подигнување на свеста и свртување на вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас.

 Во 10:00 часот во просториите на Црвен крст учениците од Св.Климент Охридски на постарата генерација ќе им се претстават со песни и стихотворби на тема природата и нејзина заштита. Потоа сите заедно во дворот на Црвен крст во соработка со ЈП “Охридски Комуналец” ќе засадат цвеќиња, а најмладите волонтери од Браинобраин програмата ќе цртаат еко-пораки со цел да допринесат во развивање на еколошката свест и култура.

 Во соработка со волонтерите од Клуб на млади на Црвен крст Охрид изработен е и видео спот со мото “Прегрни ја природата, засади цвеќе-за поубав Охрид” кој ќе биде промотивно прикажан на утрешната средба во Црвен крст Охрид.