За кого? За Јане!!! (фото)

 Денес,  02 Јуни, со почеток во 11 часот на градскиот плоштад беше  организиран мини турнир во мал фудбал, на кој главен голман беше Јане Велковски, малиот - голем херој од Скопје, лице на УЕФА ФЕР ПЛЕЈ од Македонија.


 
 Јане има десет години и само две желби – да прооди и да игра фудбал. Желбата за играње фудбал организаторите на денешниот настан се обидоа да му ја исполнат со тоа што Јане и неговата екипа играа против Охрид ТОП ТИМ и против тимовите на основните учлилишта од Охрид.



  Играа на “мали голчиња”, секој натпревар траеше по десет минути односно, два пати по пет минути, а за време на паузата меѓу настапите на екипите, учество зедоа учлишатата со свои музички преформанси.



 Со хорско пеење, оркестар на флејти, три хармоники и соло пеење  се претставија деца од основните училишта Св. Климент Охридски, Братство и Единство, Григор Прличев, Христо Узунов и Ванчо Николески, како и ученици на основното музичко училиште Методи Патче.  



 Организаторите на настанот, членовите на Лајонс клубот Лихнидос, изразуваат голема благодарност до Општина Охрид за денешното отстапување на плоштадот.