Пролетните ноќи во Охрид изобилуваат со прекрасни пејзажи

 После релативно топлиот ден со максимални 21˚ С, имајте убава, празнична и пријатна ноќ.

 Утре се очекува делумно сончево време со максимални 19˚С. И за време на викендот ќе биде релативно топло со минимални 10˚С а максимални 19 во сабота, односно 21˚С во недела. Иако ќе биде топло, постои можност за локализирани врнежи од дожд и грмотевици.
 Сепак, имајте пријатен викенд, во кој целосно ќе ги наполните батериите за новата работна недела.