Св. Јован Канео - вечна инспирација

  Една од најпознатите цркви во Охрид, која се наоѓа на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот, секако дека е црквата Св. Јован Канео.
 За неа може секогаш да се пишува, за убавината која го плени секој минувач, за прекрасните пејзажи кои се доловуваат на нејзината локација, а може да се направат од различни агли. Таа е дефинитивно најфотографираната локација во Охрид, па еве и во оваа пригода, ви подаруваме уште една од многуте фотки на кои е овековечена оваа убавина.
 Фотографијата е на нашиот читател Кирил Димов- Гафиљ.