Плоштадот Св. Климент Охридски денес пулсираше во боите на Црвен крст (фото-галерија)

   Плоштадот Св.Климент Охридски во Охрид денес пулсираше во духот на младоста и хуманоста, во боите на Црвен крст.

   На 47-от општински натпревар по прва помош, кој во организација на Црвен крст  Охрид денес се одржа во Охрид, учениците од основните и средните училишта од Охрид и Дебарца организирани во екипи од подмладок и младина се натпреваруваа во укажување прва помош. Преку 70 млади организирани во 11 екипи на 8 пунктови низ градот ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош. Најуспешна, во категоријата подмладок беше екипата на ОУ Св.Климент Охридски, а во категоријата младина првото место и правото на учество на Државниот натпревар по прва помош, го освои екипата на ОСУ Кирил и Методиј.

  За регуларноста на натпреварот и оценувањето на екипите се грижеа 22 судии (лекари, парамедици на Црвен крст Охрид), а за реалниот приказ на сценаријата и „повредите“ на пунктовите се погрижи тимот на млади на Црвен крст Охрид за реалистички приказ на повредите.

  Во овој циклус на подготвока на учениците, со активно учество на менторите од секое училиште и волонтерите-тренери и инструктори по прва помош на Црвен крст Охрид, со најновите знаења, техники и вештини за укажување на прва помош се здобија преку 300 млади.

  Во едукативниот и забавниот дел од натпреварот младите ги покажаа своите знаења за движењето на Црвениот крст и танцовите способности.
 

Галерија