Последни подготовки за јубилејното Распеано Рибарче!

   Привршуваат подготовките за годинешното издание на фестивалот Распеано рибарче. Оваа година е навистина посебна за овој детски фестивал, затоа што со годинешното издание Рибарчето ќе го прослави својот 20-ти роденден. Јубилеј кој навистина заслужува поздравување.



  Дечињата неуморно ги подготвуваат своите сценски настапи, под палките на учителките Мери Димзова и Бети Здравеска. Малата сала ја собра сета љубов и хармонија која ја создаваат детските срца, подготвувајќи се за главните претстави. А претставите ќе бидат  од 26-ти до 28-ми април.



  Прикажувањата на 26-ти и 27-ми се закажани за 10 и 11:30 часот, а се наменети пред се за учениците и децата од претшколска возраст кои организирано ќе присуствуваат во Центарот за култура Григор Прличев каде ќе се емитува фестивалот, додека пак во сабота на 28-ми, на истата сцена е вечерната, официјална  претстава која ќе започне во 19 часот.