Во рамки на своите програмски активности а по повод 22 април – Ден на планетата Земја, Црвен крст Охрид преку своите волонтери од програмата “
Грижа за стари лица” ќе организира дефиле со едукативен карактер, низ улиците на Охрид, со цел подигнување на свеста и свртување на вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас.
Дефилето ќе започне на 22 април 2018 година, недела, во 11,00 часот од пред седиштето на Црвен крст Охрид, а поворката ќе се движи по улица Димитар Влахов, улица Македонски просветители, плоштадот Крушевска Република (кај Чинарот), и ќе заврши кај градскиот плоштад каде што најмладите волонтери од Браинобраин Програмата од Црвен крст Охрид ќе продефилираат на модна ревија со модели изработени од пластични кеси и со пораки за заштита на животната средина од загадувањето што го предизвикува пластиката.
Учеството во ова дефиле е отворено за секој наш сограѓанин кој ја почитува и сака природата.