Центарот за јавно здравје во очекување на поволни временски услови за пролетна дезинсекција во Охрид и Дебрца

  Согласно Акциониот план за ставање под контрола на вектор преносливите болести на територијата на општините Охрид и Дебрца, Центар за јавно здравје Охрид во пролетниот период предвидува обавување на ларвицидна дезинсекција на потенцијално ризични површини за развој на ларвицидна форма на комарците.

  Со оглед на големото количество вода кое сеуште се наоѓа на просторите каде треба да се изврши соодветен третман на земјиштето (Студенчишко блато, Белчишко блато), се уште не се создадени условите за обавување  на ефикасна ларвицидна дезинсекција.

Центарот за јавно здравје - Охрид ја следи состојбата и веднаш штом ќе дозволат временските услови ќе пристапи кон третирање на соодветните површини, за што навремено ќе биде известена јавноста.