Вашиот прилог - значајна помош - хуманитарна акција на Црвен крст Охрид

 

   Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 16 -22 април 2018 год., под мотото ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ, со цел подигање на свеста на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебарца.

   Од Црвен крст – Охрид апелираат и ги повикуваат сите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно да се вклучат во акцијата со:
  • Донирање на материјални добра, во просториите на Црвен крст – Охрид на ул. Димитар Влахов бр.52 , во сите денови на траењето на акцијата вклучувајќи и сабота и недела од 8 до 15 часот, како и на собирните пунктови за прехрамбени производи во маркетите во Охрид.
  • Давање на доброволни прилози на мобилните тимови на Црвен крст – Охрид, составени од волонтери, обележани со обележја на Црвен крст – Охрид , кои ќе бидат на повеќе јавни пунктови низ градот.
  • Донирање на парични средства на мобилните тимови на Црвен крст –Охрид, составени од волонтери  обележени со обележја на Црвен крст –Охрид преку акцијата Од куќа до куќа, во која волонтерските тимови на нашите сограѓани ќе им приложат плико и информативен флаер за нивна вклученост во акцијата за донирање парични средства според нивната желба и можности.
  • Донирање на парични средства на жиро-сметката на Црвен крст, со назнака за Недела на солидарност.
     Да бидеме солидарни, да бидеме хумани, да помогнеме на оние на кои навистина им е потребно тоа.