Бесплатен паркинг на Велигден

ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука на ден 08. 04. 2018 година ( недела ) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници.
   - Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник. – велат од претпријатието.
ЈП „Билјанини Извори“ им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба.