Следува сончев викенд!


  Денес и викендов кој следува, времето ќе биде претежно сончево со облачни периоди и можности за слаби врнежи во ноќните часови во сабота. Денешната температура својот максимум ќе го достигне качувајќи се до 10-от целзиусов степен, слично ќе биде и во сабота со максимални 12˚С, додека во недела се очекува малку потопло со максимални 15˚С. Минималните температури исто така ќе имаат благ пораст, од 4˚С во сабота до 7˚С во недела. Имајте пријатен викенд, и искористете го за релаксација и прошетка, во Охрид има што да се посети.