Волонтерите на Црвен Крст Охрид излегуваат во пресрет на повозрасните граѓани

Во овие зимски снежни денови ако сте на возраст над 60 години и живеете во Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе Ви помогнат доколку имате потреба да одите на лекар, во аптека, продавница и сл.
Од општинскиот Црвен Крст информираат дека податоците за видот на Вашата потреба  и адресата на живеење може да ги дадете со јавување на телефонскиот број 070/315-309 .